Почетна Семинари Прашања За нас Претплата Изданија

 
 
05.2015
НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА МПИН
ПРЕСМЕТКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ПРИДОНЕСИ И ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ВРЗ ОСНОВА НА НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Согласно измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.56/15), предвидена е можноста работодавачот од приватниот сектор, по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход, доколку ги исполни одредени услови пропишани со законот.
Управата за јавни приходи објави соопштение за насоките на пополнување на образецот за МПИН за користење на ослободување согласно новите мерки за вработување. (кликни тука.......)
.

07.05.2015
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА
АПРИЛ 2015 ГОДИНА Е НЕГАТИВЕН

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец АПРИЛ 2015 година е негативен - 1,6%, што значи дека износот на аконтацијата не се зголемува, односно износот на пресметаниот данок по намалување АОП 41 од ДБ за 2014 година се дели со 12 и тоа е месечниот износ на аконтацијата на данокот на добивка за месец април 2015 година.

07.05.2015

НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД МЕСЕЦ МАРТ 2015 ГОДИНА

Согласно измените и дополнувањата на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 48/15 меѓудругото повторно се воведе највисока основица за пресметка на придонеси, која беше укината со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 20/15. Соопштение на Управата за јавни приходи за највисоката основица за пресметка и уплата на придонеси согласно измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кликни тука....

03.04.2015

НОВА ФОРМА И СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА ЗА ИЗНОСОТ НА ПРИМЕНИОТ НАДОМЕСТОК ПО
ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО И/ИЛИ АВТОРСКИ ДОГОВОР ИЛИ ДРУГ ДОГОВОР

Во "Службен весник на РМ" бр. 34/15 објавен е Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на пријавата за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој се заменува Прилогот (Пријавата) со нов а Правилникот за формата и содржината на пријавата за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор објавен во "Службен весник на РМ" бр.21/15 престанува да важи.
Правилникот влегува во сила со денот на објавувањето односно од 6 март 2015 година.
Измената се однесува на делот 3. Податоци за износот на примениот надоместок каде се додадени две полиња за видот на договорот и процентот на признат трошок при авторски договор.
Новата пријава може да ја видите тука........

10.03.2015

ОБВРЗНИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО, АВТОРСКИТЕ ДОГОВОРИ ИЛИ ДРУГИ ДОГОВОРИ СО КОЈ Е УТВРДЕН НАДОМЕСТОК ЗА ИЗВРШЕНАТА РАБОТА „МИ-Д/ИН“ Е И АВТОРСКАТА АГЕНЦИЈА

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 12.02.2015 година, обврската за доставување на „Месечен извештај за договорите за дело, авторските договори или други договори со кој е утврден надоместок за извршената работа“ (образец “МИ-Д/ИН“) до Управата за јавни приходи се однесува за секое правно лице – исплатувач на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, без оглед на тоа дали правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за исплатените надоместоци по основ на договори.   
Согласно со Законот за персоналниот данок на доход, како исплатувач на лични примања, авторски и друг вид приходи исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво се смета авторската агенција односно посредничкото друштво, доколку авторските и друг вид приходи се исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво кое во тој случај е должно да ја пресмета аконтацијата на данокот по одбивка и да го уплати задржаниот (персонален) данок.  За целото соопштение на Управата за јавни приходи кликни тука....

10.03.2015

РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА ОСТАНУВА ИСТА

Согласно Објавата на Народната банка на РМ, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01 јануари 2015 до 30 јуни 2015 година изнесува 3,25%.

08.01.2015

ОБЈАВЕН Е ИЗНОСОТ НА МЕСЕЧНОТО И ГОДИШНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ
ЗА 2015 ГОДИНА

Согласно Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ„ бр. 195/14), месечното лично ослободување за 2015 година изнесува 7.320,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2015 година. Годишното лично ослободување изнесува 87.840,00 денари.

07.11.2014

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА НА
ПРИМЕНИ ФАКТУРИ ОД СТРАНА НА ПРИМАТЕЛОТ НА ПРОМЕТОТ (ОБРАЗЕЦ ДДВ - ЕПФ)
ДО 25 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА

Имплементаторот на проектот (примателот на прометот) до 25 октомври 2014 година има обврска до Управата за јавни приходи, по електронски пат преку http://etah.ujp.gov.mk  за периодот од 1.07.2014 година – до 30.09.2014 година да достави Евиденција на примени фактури (образец ДДВ – ЕПФ).
Имплементаторите на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен меѓу Република Македонија и странскиот донатор и проекти финансирани во рамките на инструментот на претпристапна помош (ИПА), треба да пријави електронска пошта ( e – mail адреса за Проектот) со која ќе се регистрира во системот на е – Даноци http://etah.ujp.gov.mk, ќе добијат корисничко име и лозинка и ќе овластат лице – со доделен дигитален сертификат, да можат електронски да го достават образецот ДДВ – ЕПФ
.

13.10.2014

НОВИ РОКОВИ И ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ЗА 2013 ГОДИНА

За подетални информации погледнете тука.......

03.01.2014

ОБЈАВЕН Е ИЗНОСОТ НА МЕСЕЧНОТО И ГОДИШНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ
ЗА 2014 ГОДИНА

Согласно Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ„ бр. 189/13), месечното лично ослободување за 2014 година изнесува 7.276,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2014 година. Годишното лично ослободување изнесува 87.315,00 денари.

02.01.2014

ПРЕДЛОГ ЗАКОК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во собраниска процедура на прво читање е Предлог - Закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи.
Со предлог Законот се пропишуваат начинот и постапката за полагање за стекнување на уверение за сметководители или овластен сметководител, предметите кои ќе се полагаат, како и задолжителната обука.

04.11.2013

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ И ФУНКЦИОНАЛНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА ФИСКАЛНАТА СМЕТКА, ОБРАЗЕЦОТ НА ФИСКАЛНОТО ЛОГО, ИЗДАВАЊЕТО НА ДОКУМЕНТ КАСОВА СМЕТКА ЗА СТОРНА ТРАНСАКЦИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА КНИГАТА ЗА ДНЕВНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ОДОБРУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СООДВЕТЕН МОДЕЛ НА ФИСКАЛНА АПАРАТУРА, ОДНОСНО ИНТЕГРИРАН АВТОМАТСКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ, НАЧИНОТ НА ПРОВЕРКА И КОНТРОЛА НА ФИСКАЛНИТЕ АПАРАТИ И ПРАВИЛАТА ЗА ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА ИСТИТЕ

Во „Службен весник на РМ„, бр. 126/13 објавен е Правилник за техничките и функционалните карактеристики на интегрираниот автоматски систем за управување, образецот на фискалната сметка, образецот на фискалото лого, издавањето на документот касова сметка за сторна трансакција, формата и содржината на книгата за дневни финансиски извештаи, начинот и постапката за издавање на дозвола за одобрување за користење на соодветен модел на фискална апаратура, односно интегриран автоматски систем на управување, начинот на проверка и контрола на фискалните апарати и правилата за техничко одржување и сервисирање на истите.
Правилникот влезе во сила од 14 септември 2013 година, а ќе се применува од 1 јануари 2014 година.

16.09.2013

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НОРМИРАНИТЕ ИЗНОСИ НА КАЛО, РАСТУР, КРШ И РАСИПУВАЊЕ НА СТОКИ И ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ УТВРДЕНИ ЗА СЕКОЈА СООДВЕТНА ГРАНКА ЗА ДАНОЧНИ ЦЕЛИ

Во „Службен весник на РМ“ бр. 106/13 објавен е Правилник за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели, со кој се пропишуваат нормираните износи на кало, растур и расипување на стоките и одделни производи за секоја соодветна гранка за даночни цели.
Правилникот е донесен врз основа на член 11 став 2 од Законот за данокот на добивка, влезе во сила од 20 јули 2013 година, а ќе се применува од 1 јануари 2014 година.

01.08.2013

НАМАЛЕНА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА

Согласно Објавата на Народната банка на РМ, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01 јули 2013 до 31 декември 2013 година изнесува 3,5%.

01.07.2013

ОД 1 ЈУЛИ - ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА
Е-ДАНОЦИ ЗА ТРИМЕСЕЧНИТЕ ДДВ ОБВРЗНИЦИ

Задолжително е користењето на Е-Даноци за тримесечните обврзници на ДДВ од 1 јули 2013 година.....(повеќе).

18.06.2013

ОБЈАВЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
НА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ

Во „Службен весник“ бр. 70/13, објавени се измени и дополнувања на повеќе закони:

  1. Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва,

  2. Закон за изменување и дополнување на Закон за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

Законите влегоа во сила од 24 мај 2013 година.

Во „Службен весник на РМ“ бр. 79/13, објавени се следниве Закони:

  1. Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања,

  2. Закон за дополнување на Законот за данокот на добивка,

  3. Закон за изменување и дополнување на Законот за стечај,

  4. Закон за заштита од вознемирување на работното место.

Законите влегуваат во сила од 8 јуни 2013 година, а Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања ќе започне да се применува од 1 јануари 2014 година.
Коментари на објавените измени и дополнувања на законите следуваат во нашите стручни списанија.

03.06.2013

НАЈНОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Централниот регистар на Република Македонија објави Известување за сите субјекти кои се должни да достават годишни сметки за 2012 година до Регистарот за годишни сметки при Централниот регистар на Република Македонија. повеќе....

16.01.2013

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРАВИЛНИЦИ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во „Службен весник на РМ“ бр. 127/12 објавени се следниве правилници:

  1. Правилник за формата и содржината на барањето за добивање лиценца за работа и за формата и содржината на лиценцата за работа на трговец поединец - сметководител, трговец поединец - овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи,

  2. Правилник за формата и содржината на барањето за полагање испит за стекнување со статус на сметководител или овластен сметководител, како и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител,

  3. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на трговци поединци - сметководители, регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи,

  4. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на сметководители и регистарот на овластени сметководители.

16.10.2012

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА
УВЕРЕНИЈА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Надоместокот за добивање на привремено уверение за сметководител (300,00 денари) или привремено уверение за овластен сметководител (500,00 денари) или трајно уверение за овластен сметководител (1.000,00 денари), според Соопштението на Министерството за финансии, се уплатува на образецот ПП50, врз основа на следниве податоци:

24.09.2012

УТВРДЕН Е НАДОМЕСТОКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ (ВРЕМЕНО ИЛИ ТРАЈНО) ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ ИЛИ ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Според информациите од печатените медиуми, со Одлука на Владата на Република Македонија, утврден е надоместокот за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител.
Според Одлуката:

  1. надоместокот за добивање на времено уверение за сметководител изнесува 300,00 денари,

  2. надоместокот за добивање на времено уверение за овластен сметководител изнесува 500,00 денари,

  3. надоместокот за добивање на трајно уверение за овластен сметководител изнесува 1.000,00 денари.

20.09.2012

ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК И ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД
3 АВГУСТ 2012 ГОДИНА

Во „Службен весник на РМ„ бр. 95/12 од 26 јули 2012 година, објавен е Законот за вршење на сметководствени работи. Законот влегува во сила 8-от ден од денот на објавувањето, што значи дека влегува во сила од 3 август 2012 година. Од тој датум па понатаму се сметаат сите рокови во смисла на исполнување на правата и обврските кои произлегуваат од преодните и завршните одредби на Законот, но и од останатите одредби на Законот. Повеќе во нашите печатени списанија.

Објавено 27.07.2012

ДОНЕСЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

На 37-та седница на Собранието на Република Македонија, донесен е Законот за вршење на сметководствени работи.
Наскоро се очекува Законот да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.

Објавено 26.07.2012

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА

ИНСТРУМЕНТ
КАМАТНА СТАПКА
Референтна каматна стапка (01.01 - 30.06.2015) 3,25 %
Благајнички записи 3,25 %

 

.

Дневната курсна листа можете да ја превземете од
web страната на Народната банка на РМ.

.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 Народна банка

 

 

Copyright © 2004

Web site by Boban Karanfilovski

 

 

КОНСАЛТИНГ БС

02/ 3211-613 и 3211-614

02/3211-372

 

ИЗЛЕГОА ОД ПЕЧАТ

НОВИТЕ ИЗДАНИЈА НА

АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН
ЗА БУЏЕТИ, БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ
цена: 1.050,00 денари


АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН
ЗА СУБЈЕКТИТЕ КОИ СМЕТКОВОДСТВОТО ГО ВОДАТ СОГЛАСНО ЗТД И ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО

цена: 1.050,00 денари
ПРИРАЧНИК
ЗА ПРИМЕНА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА МАЛИ И
СРЕДНИ СУБЈЕКТИ
цена: 3.150,00 денари
 
ЦЕНИ НА ДЕРИВАТИ
24.03.2015 година
Еуросупер
БС - 95
67,50
Еуросупер
БС - 98
69,50
Еуродизел БС
(Д-Е V)
53,50

 

ПРОГРАМА НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА
2015 ГОДИНА повеќе...

 

КОНСАЛТИНГ БС Е ИМЕНУВАН КАКО
ПОСТОЈАН СУДСКИ ВЕШТАК ОД
ЕКОНОМСКА И ПРАВНА ОБЛАСТ

Со Решение на Основен суд Скопје 2 Скопје (04-Су бр. 1547/2009), КОНСАЛТИНГ БС  е именуван како постојан судски вештак од економска и правна област.
Тоа значи дека КОНСАЛТИНГ БС освен услугите на издавање на стручни списанија од економско – правната сфера, одржувањето на стручни советувања и останатите консалтинг услуги од сферата на економијата и правото, ќе врши и услуги како вештак од економска и правна област.     

Повеќе...


 
Наши изданија
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
ЕКОНОМИКА
БИЛТЕН
ДОДАТОЦИ
ПРИРАЧНИЦИ
   
  К о н т а к т
Телефон/Факс
E-mail
   
  Најнови броеви
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
ЕКОНОМИКА
БИЛТЕН
ДОДАТОЦИ
ПРИРАЧНИК
   
   
СО ПРЕТПЛАТА ЗА 2013 ГОДИНА
ЌЕ ГИ ДОБИВАТЕ СЛЕДНИВЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СПИСАНИЈА
(ВКУПНО 25 БРОЈА):

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

 

 

 

ДРУГИ ИЗДАНИЈА:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   
   

 

 

ПРЕЧИСТЕНИ ТЕКСТОВИ НА ЗАКОНИ:

 

   
  • Закон за данокот на додадена вредност

 

  • Закон за персоналниот данок на доход

 

  • Закон за данокот на добивка

 

  • Закон за даноците на имот

 

  • Закон за даночна постапка

 

  • Закон за комунални такси

 

  • Закон за регистрирање на готовински плаќања

 

  • Закон за работните односи

 

  • Закон за платниот промет

 

  • Закон за девизното работење

 

  • Закон за ревизија

 

  • Закон за државната ревизија

 

  • Закон за внатрешна ревизија во јавниот
    сектор

 

  • Закон за акцизите

 

  • Закон за чек

 

  • Закон за меница

 

  • Закон за јавните набавки

 

  • Закон за вработување и осигурување во
    случај на невработеност

 

  • Закон за пазарната инспекција

 

  • Општ колективен договор за
    стопанството на РМ

 

итн...

 

 

 

 

   

ОДЛУЧЕТЕ ПРАВИЛНО ОДБЕРЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛНОСТ