С О В Е Т У В А Њ Е
ЗА НОВИНИТЕ ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И ТЕКОВНИ АКТУЕЛНОСТИ
во хотел Makryammos Bungalows****, на островот Тасос, Грција
од 13 јуни до 16 јуни 2013 година
(четврток - недела)
цена: 11.900,00денари (по лице во двокреветна соба)
Во цената е вклучено:
1. сместување на база три полупансиони (доручек и вечера),
2. превоз од Скопје до Тасос и обратно (вклучително и траект)
3. организиран излет по островот со посета на знаменитостите.
Рок за пријавување 4 јуни 2013 година.
Напомена: Поради ограничениот број на места, Ве молиме доколку сте заинтересирани навремено да се пријавите.
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА
АПРИЛ 2013 ГОДИНА Е 1,1%
Процентот на пораст на цени на мало во АПРИЛ 2013 година е 1,1% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,011.
07.05.2013
ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДИ СПРЕМА СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА И СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Со Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство („Службен весник на РМ“ бр. 51/13) кое се применува од 13 април 2013 година, меѓу другото важно е да внимавате дека при исплата на дивиденда - кон основачи странски правни или странски физички лица треба: до деловната банка со образецот 1450 да се достави документ за да се утврди основот и обврската за плаќање и тоа во случај на плаќање на дивиденди и други добивки од вложување на нерезидент:
доказ за извршен упис во регистарот на директни инвестиции при Централниот регистар на РМ ако вложувањето има третман на директна инвестиција,
доказ за сопственост на акциите, односно уделите и
одлука на надлежниот орган на друштвото за распределба и исплата на добивката.
Покрај наведените документи на деловната банка треба да и презентира доказ од надлежен орган (од Управата за јавни приходи) дека се намирени законски пропишаните обврски врз основа на даноци и придонеси спрема државата за соодветната (значи за конкретната) капитална трансакција (исплата на дивиденда).
25.04.2013
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА
МАРТ 2013 ГОДИНА Е 0,9%
Процентот на пораст на цени на мало во МАРТ 2013 година е 0,9% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,009.
01.04.2013
ОБЈАВЕНА Е МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ЗА 2013 ГОДИНА
Согласно со Објавата на Министерството за труд и социјална политика и Економско социјалниот совет, минималната плата и за 2013 година останува иста во висина од 8.050,00 денари (12.268,00 денари бруто).
Минималната нето плата за 2013 година за дејностите:
13 - Производство на тексти
14 - Производство на облека и
15 - Производство на кожа и слични производи од кожа се зголемува за 596,00 денари и истата изнесува 6.859,00 денари(10.990,00 денари бруто).
18.03.2013
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА Е 1%
Процентот на пораст на цени на мало во ФЕВРУАРИ 2013 година е 1% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,010.
04.03.2013
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ЈАНУАРИ 2013 ГОДИНА Е 3,4%
Процентот на пораст на цени на мало во ЈАНУАРИ 2013 година е 3,4% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,034.
12.02.2013
ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИТЕ
ЗА 2013 ГОДИНА
Месечната просечна бруто плата која се користи како параметар во клиентскиот софтвер (МПИН) за пресметка на платите за 2013 година изнесува 30.595,00 денари. Најниската основица за пресметка на придонесите изнесува 15.298,00 денари. Највискоката основица за пресметка на придонесите изнесува 183.570,00 денари. Месечното лично ослободување за 2013 година изнесува 7.269,00 деенари, а годишното лично ослободување изнесува 87.228,00.
2013
ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ПРИМЕНУВА ИЗНОСОТ НА ДНЕВНИЦАТА ШТО СЕ ИСПЛАТУВА ЗА СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО
Во „Службен весник на РМ„ бр. 05/13, објавена е Уредба за изменување на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци. Согласно уредбата во периодот од 10 јануари 2013 година до 31 декември 2013 година, продолжува да се применува износот на дневницата што се исплатува за службено патување во странство:
35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управување,
не се исплатува дневница, ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управување и
не се исплатува дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на дрќавната управа, а престојот е над 30 дена (под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа).
Уредбата влегува во сила од 10 јануари 2013 година.
16.01.2013
НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА
Во „Службен весник на РМ„ бр. 07/13, објавен е Правилник за начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма. Со овој правилник се пропишува начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма, за субјектите кои сметководството го водат, согласно Законот за трговските друштва и усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување и усвоениот меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.
Правилникот влегува во сила од 12 јануари 2013 година.
16.01.2013
НАЈНОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Централниот регистар на Република Македонија објави Известување за сите субјекти кои се должни да достават годишни сметки за 2012 година до Регистарот за годишни сметки при Централниот регистар на Република Македонија. повеќе....
16.01.2013
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ
Во „Службен весник на РМ„ бр. 166/12, објавени се измени и дополнувања на следниве закони:
Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва,
Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, и
Закон за дополнување на Законот за платниот промет.
Законот за изменување и дополнување наЗаконот за персоналниот данок на доход и Законот за дополнување на Законот за платниот промет влегуваат во сила и се применуваат од 3 јануари 2013 година. Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, влегува во сила од 3 јануари 2013 година, а се применува од 1 јануари 2013 година, освен одредбите кои се однесуваат на обврската за потпишување на годишна сметка и финансиски извештаи на трговците кои ќе започнат да се применуваат од 16 март 2013 година.
Согласно со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, за поптишувањето на годишните сметки и финансиските извештаи за 2012 година, важат старите одредби и останува исто како што беше за годишната сметка за 2011 година.
09.01.2013
НАЈНИЗОК АПОЕН НА ДЕНАРИТЕ ВО ПРОМЕТОТ ОД
1 ЈАНУАРИ 2013 ГОДИНА Е 1 ДЕНАР
Согласно со Одлуката за најнискиот апоен на денарите во прометот („Службен весник на РМ„ бр. 54/12), од 1 јануари 2013 година, најнискиот апоен на денарите во прометот со кој се заокружува крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги е 1 денар.
Доколку при пресметувањето се појават износи кои што се во распон до еден денар ќе се изврши заокружување така што износот до 49 денари ќе се заменува (0), а износот од 50 до 99 денари ќе се заокружува на 1 денари.
04.01.2013
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА ДЕКЕМВРИ 2012 ГОДИНА Е 3,3%
Процентот на пораст на цени на мало во ДЕКЕМВРИ 2012 година е 3,3% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,033.
02.01.2013
ОБЈАВЕН Е ИЗНОСОТ НА МЕСЕЧНОТО И ГОДИШНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ
ЗА 2013 ГОДИНА
Согласно Објавата на министерот за финансии („Службен весник на РМ„ бр. 168/12), месечното лично ослободување за 2013 година изнесува 7.269,00 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2013 година. Годишното лично ослободување изнесува 87.228,00 денари.
28.12.2012
ИЗМЕНИ НА ОБРАСЦИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИА
ФА-01, ФА-02, ФА-03 И Б3-01
Од 24.12.2012 година достапни се новите обрасци за фискализација и можат да се преземат од интернет страницата на УЈП(види повеќе)
25.12.2012
31 ДЕКЕМВРИ КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ НА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК
Истекува рокот за поднесување на барање на паушално оданочување со персонален данок(види повеќе)
25.12.2012
УШТЕ ЕДНА СЕДМИЦА ЗА МЕСЕЧНИТЕ ДДВ ОБВРЗНИЦИ ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ
Истекува рокот за регистрација на даночни обврзници на кои даночен период им е календарски месец, во системот на е-Даноци во Управата за јавни приходи.(види повеќе)
25.12.2012
ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА НОЕМВРИ 2012 ГОДИНА Е 3,2%
Процентот на пораст на цени на мало во НОЕМВРИ 2012 година е 3,2% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,032.
ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРАВИЛНИЦИ ВРЗ ОСНОВА
НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Во „Службен весник на РМ“ бр. 127/12 објавени се следниве правилници:
Правилник за формата и содржината на барањето за добивање лиценца за работа и за формата и содржината на лиценцата за работа на трговец поединец - сметководител, трговец поединец - овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи,
Правилник за формата и содржината на барањето за полагање испит за стекнување со статус на сметководител или овластен сметководител, како и формата и содржината на уверението за сметководител, односно овластен сметководител,
Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на трговци поединци - сметководители, регистарот на трговци поединци - овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи,
Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на сметководители и регистарот на овластени сметководители.
16.10.2012
ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА
УВЕРЕНИЈА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ
Надоместокот за добивање на привремено уверение за сметководител (300,00 денари) или привремено уверение за овластен сметководител (500,00 денари) или трајно уверение за овластен сметководител (1.000,00 денари), според Соопштението на Министерството за финансии, се уплатува на образецот ПП50, врз основа на следниве податоци:
24.09.2012
УТВРДЕН Е НАДОМЕСТОКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ (ВРЕМЕНО ИЛИ ТРАЈНО) ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ ИЛИ ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Според информациите од печатените медиуми, со Одлука на Владата на Република Македонија, утврден е надоместокот за добивање на уверение за сметководител или овластен сметководител.
Според Одлуката:
надоместокот за добивање на времено уверение за сметководител изнесува 300,00 денари,
надоместокот за добивање на времено уверение за овластен сметководител изнесува 500,00 денари,
надоместокот за добивање на трајно уверение за овластен сметководител изнесува 1.000,00 денари.
20.09.2012
ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ Е ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК И ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД
3 АВГУСТ 2012 ГОДИНА
Во „Службен весник на РМ„ бр. 95/12 од 26 јули 2012 година, објавен е Законот за вршење на сметководствени работи. Законот влегува во сила 8-от ден од денот на објавувањето, што значи дека влегува во сила од 3 август 2012 година. Од тој датум па понатаму се сметаат сите рокови во смисла на исполнување на правата и обврските кои произлегуваат од преодните и завршните одредби на Законот, но и од останатите одредби на Законот. Повеќе во нашите печатени списанија.
Објавено 27.07.2012
ДОНЕСЕН Е
ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
На 37-та седница на Собранието на Република Македонија, донесен е Законот за вршење на сметководствени работи.
Наскоро се очекува Законот да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.
Објавено 26.07.2012
ПРЕДЛОГ ЗАКОН
ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ
Дополнетиот Предлог Закон за вршење на сметководствени работи кој е во Собраниска процедури може да го преземете ТУКА.....
Објавено 23.07.2012
СПОГОДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
Во „Службен весник на РМ“ бр. 158/12 објавена е Спогодба за продолжување на важноста на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Согласно Спогодбата, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството продолжува да важи за период од две години почнувајќи од 26.06.2012 година.
Објавено 02.07.2012
НАМАЛЕНА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА КАЗНЕНА КАМАТА
Согласно објавата на НБРМ од 29.06.2012 година, референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата се намалува и за периодот од 01.07.2012 година до 31.12.2012 година изнесува 3,75%. Во првото полугодие од оваа година стапката изнесуваше 4%.
Стапките на законска казнена камата за периодот од 01.07.2012 година до 31.12.2012 година се намалуваат и тоа:
во договорите меѓу трговци или трговци и лица од јавното право во денари стапката изнесува 13,75%, а изразена во валута изнесува 10,373%,
во договорите меѓу лица од кои барем едното не е трговец во денари стапката изнесува 11,75%, а изразена во валута изнесува 8,373%.
Објавено 02.07.2012
ПОДНЕСУВАЊЕ НА КИПО ОБРАЗЕЦ ЗА
ПРВИОТ КВАРТАЛ ДО 30 АПРИЛ 2012 ГОДИНА
Согласно Одлуката за задолжително известување за работењето во странство („Службен весник на РМ“ бр. 79/02, 62/03 и 39/07) и Упатството за начинот на непосредното известување за побарувањата и обврските од комерцијалното работење со нерезидентите („Службен весник на РМ“ бр. 39/07), резидентите за своето работење со странство се обврзани до Народна банка на РМ меѓу другото да известуваат за побарувањата и обврските кон нерезиденти на образец КИПО. Овој образец се поднесува квартално и рокот за доставување за кварталот јануари - март 2012 година е до 30 април 2012 година.
Објавено 10.04.2012
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ БОЛЕДУВАЊЕ ДО
30 ДЕНА НА ТОВАР НА РАБОТОДАВЕЦ
Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување „Службен весник на РМ“ бр. 26/2012, надоместокот на плата за првите 30 дена (календарски) спреченост за работа (боледување) го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над 30 дена Фондот.
Законот ќе се применува од 29 февруари 2012 година.
Објавено 24.02.2012
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОВЕЌЕ
ЗАКОНИ И ОБЈАВЕН НОВ ЗАКОН
Во „Службен весник на РМ“ бр. 11/12, објавени се измени и дополнувања на повеќе закони:
Закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија,
Закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,
Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи,
Закон за изменување на Законот за платниот промет.
Во истиот службен весник донесен е и нов закон:
Закон за минимална плата во Република Македонија согласно кој со исплатата на платата за јануари 2012 година, минималната нето плата мора да изнесува 8.050,00 денари (бруто 2 износот е 11.115,00 денари, придонеси 3.001,00 денари, персонален данок 64,00 денари, лично ослободување 7.470,00 денари), освен за одделите за кои во јули 2011 година е исплатена просечна плата под нивото од 15.600,00 денари во бруто износ. Доплатите до најниската републичка основица за уплата на придонеси се вкупно 1.129,00 денари. Вкупниот бруто износ на минималната нето плата изнесува 12.244,00 денари. Како минимална плата се смета најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учино.
Според измените на Законот за платниот промет, се одложува примената на член 25 став 1 од Законот за платниот промет за 1 јануари 2014 година.Одложувањето на примената на членот 25 од Законот за платен промет која ќе се применува од 1 јануари 2014 година, значи дека учесниците во платниот промет ќе можат да вршат плаќања со пресметка, односно со компензација, цесија, асигнација, преземање на долг и други облици на меѓусебно намирување на обврски и побарувања, иако имаат блокирана трансакциска сметка (жиро сметка).Измените и дополнувањата на Законите и Законот за минимална плата во Република Македонија влегуваат во сила од 1 февруари 2012 година освен Законот за изменување на Законот за платниот промет кој влегува во сила од 25 јануари 2012 година.Во „Службен весник на РМ“ бр. 12/12, објавена е и Уредба за изменување на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци. Согласно Уредбата во периодот од 27 јануари 2012 година до 31 декември 2012 година, износот на дневницата што се исплатува за службено патување во странство:
35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето не паѓа на товар на органот на управување,
не се исплатува дневница, ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управување и
не се исплатува дневница, ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена (под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултилатерална и билатерална основа).
Уредбата влегува во сила од 27 јануари 2012 година.
Објавено 30.01.2012
НОВ ОБРАЗЕЦ МПИН
Новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН од 27.01.2012 година можете да ја преземете тука.......(кликни тука)
ПРОГРАМА НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2013 ГОДИНА повеќе...
КОНСАЛТИНГ БС Е ИМЕНУВАН КАКО
ПОСТОЈАН СУДСКИ ВЕШТАК ОД
ЕКОНОМСКА И ПРАВНА ОБЛАСТ
Со Решение на Основен суд Скопје 2 Скопје (04-Су бр. 1547/2009), КОНСАЛТИНГ БС е именуван како постојан судски вештак од економска и правна област. Тоа значи дека КОНСАЛТИНГ БС освен услугите на издавање на стручни списанија од економско – правната сфера, одржувањето на стручни советувања и останатите консалтинг услуги од сферата на економијата и правото, ќе врши и услуги како вештак од економска и правна област. Повеќе...